Визија за иднината

Нови технологии, попаметни системи, поефикасни погони, повеќе опции,..
Транспортниот сектор постојано се менува. #teamvanhool покажува што мислиме за иднината.

Во сегашното време се се врти околу еколошки одговорен транспорт.
Во Ван Хоол отсекогаш сме фокусирани на потрагата по иновации. Според нас клучно е соодветно да се следат и задоволат барањата од пазарот, а особено тие во иднината.

Целта е транспорт кој е  модерен и 100% еколошки одговорен.

 

Истражување&Развој (R&D)

Во Ван Хоол има голем оддел за истражување и развој, којшто се занимава со истражување на нов дизајн и позелени погонски системи.
Благодарејќи на одделот со разни иновации бевме први на светско ниво.
Тоа започна веќе со почетокот на хибридните автобуси, во кои CNG или дизел мотори служат за погон на електричен генератор, кој испорачува дел од потребната струја. Во меѓувреме напредивме толку што Ван Хоол за автобусите за јавен превоз ќе се префрли на 100% електричен погон. 

 

Неколку клучни моменти 

 

A330 АВТОБУС СО ГОРИВНА ЌЕЛИЈА ВО САД

Ван Хоол автобусот со горивна ќелија, претставен во Далас, беше прв во светот од таков вид. За прв пат во историјата најнапреден автобус со погон на водород беше претставен на америчката публика. Ван Хоол успеа да биде прв во светот.

 

 

 

 

А330 АВТОБУС СО ГОРИВНА ЌЕЛИЈА ВО ЕВРОПА

На 14-ти мај се открива автобусот со горивна ќелија за Европа. Новиот автобус со горивна ќелија е прв во светот од таков вид. Тој е првиот целосен хибриден автобус (водород-електричен) кој употребува дел од енергијата од кочење. 

 

А330 АВТОБУС СО ГОРИВНА ЌЕЛИЈА ЗА ОСЛО, ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА, АНГЛИЈА,..

Во наредните години повеќе земји започнуваат пилот проекти со автобусите со горивна ќелија од А-серијата. Сите разбраа колку е корисно да се стекне искуство со оваа технологија. Да откријат што е возможно во нивните градови, дали инфраструктурата е соодветна, дали има доволно луѓе,...
Така се појавија Ван Хоол автобуси со горивна ќелија во Белгија, Америка, Осло, Холандија, Англија, Германија.

 

 

 

 

 

БРЗ „BRT“ АВТОБУС, НОВ ВИД НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Ван Хоол претставува „Exqui.City“, иновативен поглед на јавниот превоз. Exqui.City може да работи со разни погонски системи. Тоа значи дека Exqui.City може да се произведе со разни еколошки погони. Можностите се движат од тролејбус до батерија со целосен електричен погон или со горивна ќелија. 

Exqui.City доби добри критики и градови секаде низ светот нарачуваат такви возила.

 

 

 

 

ИНОВАТИВНА ЦИСТЕРНА ЗА BASF

Ван Хоол заедно со BASF развива два иновативни типа на цистерни, 45' и 52', специјално наменети за транспорт по шини.

 

 

 

EXQUI.CITY18 СО ГОРИВНА ЌЕЛИЈА ЗА ПАУ

Први во светот со „BRT“-систем (Bus Rapid Transit). Првото Exqui.City возило со погон со горивна ќелија се произведува за градот Пау (Франција).

 

 

 

CX45E, 100% ЕЛЕКТРИЧЕН ПАТНИЧКИ АВТОБУС

Првиот патнички автобус со целосен електричен погон, CX45E, се испорачува со брод во Северна Америка. 

 

 

TDX25E ASTROMEGA, ПРВИОТ 100% ЕЛЕКТРИЧЕН ДВОКАТЕН АВТОБУС

Ван Хоол е прв производител во светот кој направи двокатен патнички автобус со батерија на 100% електричен погон: TDX25E.